26/04/2024
Македонија

Алтернативниот бенд Каин со нова песна насловена Џон

За сите љубители на еклектиката која подразбира денс-рок, прог-рок и многу младешка енергија, зачната, породена и доживеана во Македонија, вистинско колаче за појадок е “John“ на “Каин“.

„Каин„ е музичка формација од Кичево, која се состои од четири различни карактери, со исто толку погледи кон кон музиката (четворица се, ја гледаат од сите страни).

Во 2014 година се стопија во една фрекфенција. „Каин„ имаат готов студиски албум насловен “ПОД ОВА СОНЦЕ ЛАДНО Е“, составен од девет песни.

Момците велат: “Каин е музичка турлитава, можете да слушнете етно-рок, џез, панк, рокенрол, сето ова зачинето со еден Каиновски шмек.“

Публиката концертно ги уживала „Каин„ на МАКЕДОНСКИ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ, АЛТЕРНАТИВНО СКОПЈЕ, ШИФТ ФЕСТИВАЛ, ЛУЗЕР ФЕСТ.

https://www.youtube.com/watch?v=vMSoDBqh0OE