Аматерски баскет турнир

Општина Охрид во духот на спортот ќе го одбележи 8 Декември – денот на патронот на градот „Свети Климент Охридски“ со организација на „Аматерски БАСКЕТ ТУРНИР“ (3 на 3) на ден 07.12.2017 (четврток).

Турнирот ќе се одржи во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“. Заинтересираните своите екипи ќе може да ги пријават во просториите на одделението за спорт најдоцна до 06.12.2017 година, до 15 часот. Екипите треба да бидат составени од 3+1.

Контакт телефон 046 262 493 лок.198 или 070 334 604.