Ана Стојановска од ТК Охрид освои прво место на Отвореното првенство за јуниорки до 14 години

Ана Стојановска од Тениски клуб Охрид го освои првото место на Отвореното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 14 години кое се одржа на терените на ТК Југ во Скопје од 28 – 30 Септември.

По освојувањето на Државното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 12 години и претходните Отворени првенства до 12 години годинава без изгубен сет, 12-годишната Ана Стојановска успеа да триумфира и да ја потврди добрата форма викендов и во конкуренција на 2 години постари тенисерки, победувајќи ја во финалето Нина Маринковиќ од ТК Југ со 6:1 6:1.