23/04/2024
Охрид

„Аналфабет“ во четврток пред охриѓани

На репертоарот во Центарот за култура во Охрид, во четврток (3ти октомври), ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија, работена според Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Истата ќе биде со почеток во 20:00 часот.

Картите се по цена од 200 денари и се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”, Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.