29/03/2024
Спорт

Ангеловски и Пандев: Знаеме што носи мечот со Словенија, ќе излеземе подготвени за игра и голема борба

Македонската А репрезентација го одржа официјалниот тренинг спроти утрешниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020 против Словенија, а селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев зборуваа за очекувањата од дулелот на прес – конференција.

– Очекувам добар натпревар, дуел на слични репрезентации на теренот. Имаме две отсуства, за нас тоа е проблем, но на терен ќе излезат 11 подготвени фудбалери, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме. Не се сомневам во моите фудбалери. Не ме интересира во моментов табелата, размислувам само како да ја добиеме Словенија. Размислувам од меч во меч, прво Словенија, а потоа Полска“, изјави селекторот Ангеловски.

– Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој меч. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи. Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, се надевам дека ќе дојдат луѓето што не сакаат. Не бараме којзнае колаква бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија, изјави капитенот Горан Пандев. 

Средбата на Националната арена „Тодор Проески“ меѓу селекциите на Македонија и Словенија се игра в четврток од 20:45 часот.