23/04/2024
Македонија

Ансамблот „КонТемпора“ со концерт во Штип

Во Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денес (20 декември), со почеток во 16.00 часот ќе се одржи концерт на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“. На концертот премиерно ќе бидат изведени повеќе дела што се наградени на конкурсите на Министерство за култура за новосоздадени дела…

На концертот во Музичката академија во УГД во Штип ќе бидат изведени соло песните на композиторите Горан Начевски, Вулнет Таири, Маријана Јаневска, Гоце Гавриловски, Никола Коларовски и дело за соло флејта на Љубомир Бранѓолица. Ансамблот „КонТемпора“ за оваа прилика ќе настапи и со гости соло -пејачи во состав: Наташа Миха – сопран, Горан Начевски – баритон, Златка Митева – флејта, Драган Младеноски – труба, Кристина Светиева и Емилија Потевска-Попивода на пијано.

Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ е формиран во 2014 година од Сојузот на композиторите – СОКОМ,со цел да изведува и промовира нови дела од домашни автори, но и творби од светското современо музичко општество, да ја доближи современата македонска музика до публиката низ другите градови во Македонија и да ја едуцира младата публика.