24/04/2024
Македонија

ANWB издвои пет историски и уште четворица живи како најпознати личности – Македонци

Холандската издавачка куќа ANWB издвои пет историски и уште четворица живи како најпознати личности – Македонци

Зоран Заев, единствен од политичарите во групата „9 од (вкупно) 2 103 721 Македонци“

Издавачката куќа на холандската автомобилска асоцијација ANWB, во новото издание на печатениот туристички водич на холандски јазик, издвои пет историски и уште четворица живи како најпознати личности – Македонци.

На последната страница од книгата, со профилна фотографија и краток текст се претставени само „9 од (вкупно) 2 103 721 Македонци“, стои во текстот и се додава дека тоа се најпознатите личности од Македонија за Холанѓаните.

Списанието е посветено на Македонија, а се продава во трговската мрежа Холандија, земјите на Бенелукс и на Интернет,

Рамноправно со историските личности Гоце Делчев и св. Климент Охридски и Мајка Тереза, во изданието, свое место нашле уште: премиерот Зоран Заев, писателот – полиглот Мишо Јузмески, меѓународниот фудбалски судија Александар Ставрев, пејачите Тоше Проески и Есма Реџепова и филмскиот режисер Милчо Манчевски.

Премиерот Зоран Заев, е претставен како социјалдемократ кој од мај 2017 е премиер на Македонија, односно политичар кој се залага за борба против корупцијата и за влегувањето на неговата земја во ЕУ.

За Александар Ставрев, пишува дека е фудбалски судија кој од 2006 година суди меѓународни натпревари и дека бил активен за време на квалификациските натпревари за светското првенство од 2014 до 2018.

На Мишо Јузмески, оддадено му е посебно признание за промовирање на холандската литература и холандско-македонските врски, преку промовирањето на холандскиот писател и вљубеник во Охрид и Македонија А. ден Долард.

Акцентот се става на двете книги од Јузмески („Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ и „Македонци, А. ден Доларди други Холанѓани“) за А. ден Долард, кои се преведени на холандски јазик, а имаат одличен прием кај холандската читателска публика.

Милчо Манчевски е претставен како филмски режисер кој соработуваше на серијата The Wire на телевизијата HBO и кој меѓународно се истакна со неговиот драматичен игран филм „Пред дождот“.

Веле Митаноски