20/04/2024
Македонија

Апел до потрошувачите на топлинска енергија

Во врска со метеоролошките најави за следниот период кои предвидуваат екстремно ниски температури, од Балкан Енерџи Груп апелираат до потрошувачите на системот за централно греење во индивидуални станбени објекти – куќи, деловни објекти и објекти за образование, целосно да не го исклучуваат греењето поради заштита на грејните инсталации од замрзнување.

За сите потребни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.