18/04/2024
Охрид

Архиерејска литургија и промоција на книгата Дебарско – кичевска епархија (1967-2017)

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во недела (16 декември 2018), во катедралната црква св. Софија – Охрид, по повод празникот „Св. преп. Софониј; св. Јован Молчалник и преп. Теодул“, ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 08:45 часот.

Во присуство на Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, на литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј, во сослужение на членовите на Светиот Архиерејски Синод.

Во 11:00 часот промоција на книгата „Дебарско – кичевска епархија (1967 – 2017)“

Промотори: Академик Таки Фити, Претседател на МАНУ и Епископт Хераклејски г. Климент.