Архиерејски литургии за Тодорова сабота и Недела на Православието

Дебрско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 16ти март (сабота) – Тодорова сабота ќе се служи Архиерејска литургија во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ – Плаошник.

Литургијата ќе биде со почеток во 08:45 часот, а со истата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г.Тимотеј.

На 17ти март (недела) Недела на Православието Архиерејска литургија ќе се служи во црквата „Св.Никола“ – Геракомија, со почеток во 08:45 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г.Тимотеј.