20/04/2024
Охрид

Арнаудова: Подобри услови за лицата со попреченост и за старите лица

Денес во просториите на ОО на СДСМ Охрид прес-конференција одржа Рената Арнаудова, која презентираше дел од предизборната програма на СДСМ и кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Константин Георгиески, односно Проекти за подобри услови за лицата со попреченост и за старите лица.

„Постојано работиме за да обезбедиме развој на сите сфери од секојдневното живеење и да создадеме подобри услови за сите категории граѓани. Осбено сме посветени на подобрување на условите за лицата со посебни потреби и за старите лица од Охрид.

Општинската зграда е веќе достапна за лицата со попреченост, поставена е рампа и ставен е во функција лифтот за полесно движење на сите катови. Во моментов се имплементираат два проекти финанситрани од странски фондови, за подобрување на условите за оваа категорија на граѓани. Со првиот проект ќе се реконструираат влезните скали кои водат до големата општинска сала и ќе се постави лифт платформа за лица со физички хендикеп. Исто така во рамки на проектот, салата ќе биде опремена со посебни пултови за лица од ранливите категории и простор за инвалидски колички, со цел да се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Вториот проект предвидува набавка и поставување на опрема – електромоторен транспортер за инвалидски колички и преносни рампи за потребите на учениците со попреченост во ОУ Св.Климент Охридски. Исто така во моментов во рамки на програма за финансирање, се имплементира и проект за здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна рана превенција.

Во наредниот период планираме да израбтиме План за достапност на сите објекти и простории за целото општинско подрачје за лицата со попреченост. Основната цел на планот е да се подобрат условите за движење и достапност до објектите и да се зголеми безбедноста на лицата со посебни потреби во сообраќајот преку поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација како и сигнална опрема со светла и звук.

Со цел да се придонесе за унапредување на квалитетот на животот на старите и немоќните лица, ќе ги вложиме сите напори за реализација на проектот за изградба на Дом за стари лица во населбата Далјан. Фирмата која веќе стопанисува со градежното земјиште има обврска наскоро да ја започне изградбата на ваков неменски објект. Исто така за подобрување на условите за лицата од трето доба во Охрид, планирана е изведба на катчиња и паркови за пензионери збогатени со соодветни содржини на повеќе локации во градот.

Нашата заложба е да работиме во интерес на сите граѓани, имаме реални планови и остварливи проекти, кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации во нашиот град. Охрид заслужува да оди напред, охриѓани заслужуваат повеќе!

На 21-ви април да излеземе и да гласаме за нашиот кандидат за градоначалник д-р Константин Георгиески и да обезбедиме уште една голема победа! Заедно Напред, За Охрид!“ – истакна Арнаудова.