19/04/2024
Македонија

Арсовски: Нов случај на епидемија од непотизам – Пратеничката Шахпаска си ги вработила золвата и зетот

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Власта е оперирана од срам и морал. Затоа Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила.

Се пренесува само по роднини и тоа замислете строго кај функционери на СДСМ.

Нивните роднини на функционерите од СДСМ се луѓето кои се вработуваат за натпросечни плати како да нема други стотици илјади граѓани во државата кои што се без работа и бараат вработување.

Денес ќе ви презентираме нови жртви од Дизел вработувањето на власта.

Замислете, Јагода Шахпаска најверојатно советувана од нејзините колешките Мира Дизел, Милева и Тања Ковачев, си ги вработила својот зет и својата золва.

Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово.

Очигледно на Шахпаска многу и била погодена золвата, па земала и го вработила својот зет, односно сопругот на золвата, Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело. Најверојатно планот и бил да добие решение после изборите.

По примерот на Шахпаска во општина Берово и поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски си ја вработил својата прва братучедка Емилија.

Додека пак, Пеце Мирчевски, директорот на СОЗР си го вработил својот шура Тимчо Биљарски како инспектор во МВР точно на 31.12.2018 на нова година.

Почитувани,

Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерието на СДСМ. Едно збореа пред изборите, друго сега прават.

Жалосно е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, останатите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата.

Почитувани,

Ова лудило мора да прекине, а најдобро ќе прекине само доколку СДСМ ги изгуби изборите.

Затоа, СДСМ мора да ги загуби овие изборите и граѓаните да се спасат од оваа зараза на непотизам која што ги фаќа единствено роднините на функционерите на СДСМ.