16/04/2024
Охрид

Асфалтирање и крпење ударни дупки

Деновиве се изведуваат работни активности за асфалтирање на улицата „130“ и крпење на ударни дупки на улицата „Сирма Војвода“.

Според планираното до крајот на оваа седмица треба да завршат предвидените активности на општинските надлежни служби за асфалтирање на тесни улички и крпење ударни дупки.