23/04/2024
Спорт

АВ Охрид поразен од Динамик во АБА 2 лигата

АВ Охрид го одигра шестиот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и шестиот пораз на гостувањето во Белград против тимот на Динамик ВИП ПЕЈ.

Динамик ВИП ПЕЈ 102-69 АВ Охрид (22-21, 21-15, 33-23, 26-10).

„Игравме вистинска кошарка вечерва. Игравме на ист начин како и претходниот натпревар. Ќе играме повторно за три дена против Вршац, ривалот од регионалната лига. Тие се благи фаворити, па мислам дека нервозата ќе биде на нивна страна бидејќи ќе бидеме посилни со новиот играч Петар Ракичевиќ.“ – изјави Оливер Поповиќ, тренерот на Динамик ВИП ПЕЈ.

„Му честитам на Динамик за заслужената победа и им посакувам добри резултати и да ја остварат својата цел, а тоа е АБА 1 која ја заслужуваат според организацијата. Ние пруживме отпор во првите две и пол четвртини, а главната причина за овој резултат е големиот број на лични грешки на високите играчи.“ – изјави Владимир Ѓоровиќ, помошник тренер на АВ Охрид.

„Мислам дека победата е заслужена. Бевме особено добри во клучните моменти. Можеби сите очекуваа лесна победа за Динамик, но Охрид не се предаваше во ниту еден момент. Мило ми е што одржавме позитивна низа на домашен терен, особено со ваква игра и атмосфера. Одамна не сум чул вакво навивање и многу сум горд што сум капитен на Динамик.“ – изјави Вук Вуликиќ, играч на Динамик ВИП ПЕЈ.

„Добро го одигравме првото полувреме, имаше добра борба, но по повредата на плејмејкерот ја намаливме ротацијата, играта се наруши и тоа доведе до нов пораз. Мислам дека најважно е добро да се одмориме и освежиме. Имаме малку повеќе време за опоравување и подготовка до следниот натпревар во регионалната лига.“ – изјави Станислав Сонков, играч на АВ Охрид.

Тимот на АВ Охрид има шест порази од шест натпревари и се наоѓа на последното место од табелата во АБА 2 лигата.

Наредниот натпревар АВ Охрид ќе го игра на домашен терен против Теодо Тиват на 29 ноември во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.

WebOhrid