24/04/2024
Охрид

Авантурите на Момо во Охрид

Претставата „Авантурите на Момо во Охрид“ ќе се одржи на 28.06.2019 со почеток во 20:30 часот во предворјето на црквата Св.Софија во Охрид.

Претставата е резултат на еднонеделната јазично-театарска работилница на која учествуваа 60 ученици од партнерските училишта на Гете-институтот од северна Македонија, Албанија и Косово. Претставата е создадена под водство на искуски театарски педагози од Германија и се заснова на сцени од романот за деца и млади „Момо“ од Михаел Енде.

Целта на кампот, покрај подобрување на јазичните и креативните вештини, е меѓукултурна и младинска размена.

Влезот е бесплатен.