28/03/2024
Струга

Автобус удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче

На 11.08.2018 година во 19.40 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од с.Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга. Од ударот дететот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.