Бачев на трибината во Охрид: Референдумот нема да успее, нема промена на име и влез во НАТО и ЕУ

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, вечерва (22 јули 2018) учествуваше во Охрид на трибина на тема: „Доста е – Време е за Македонија, Време е за нас“ во организација на здружението „Аманет“.

Модератор на трибината беше Дејан Бошкоски од „Аманет“. На трибината учествуваа и Солза Грчева, Љупчо Палески, Филип Петровски и Ана Бобинкова.