25/04/2024
Охрид

Бадникова поворка во пресрет на Божиќ

Во пресрет на Христовото раѓање- Божиќ, во сабота на 6. Јануари, под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, а во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид, по 5- ти пат ќе се одржи традиционалната Бадникова поворка.

Поворката со околу 400 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св. Ѓорѓи, преку улиците „Јане Сандански“ и „ Кеј Македонија“ , во 11:30 часот ќе пристигне на плоштадот „Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Јован Стојаноски, на децата коледарчиња ќе им подели Божиќни подароци. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Успение на Света Богородица – Каменско.

Во чест на Христовото раѓање-Божиќ, на градскиот плоштад е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од Рајчица.