25/04/2024
Македонија

Бас-баритонот Силјанов настапува со Филхармонијата

Вечерва  со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го реализира симфонискиот концерт „Вокална магија“, на кој како солист ќе настапи повеќенаградуваниот бас-баритон Милан Силјанов …

Вокалниот уметник со  македонско потекло кој живее и работи во Швајцарија, ќе изведе избор од фантастичниот циклус песни за глас и оркестар „Магичната хорна на момчето“, од музичкиот гигант Густав Малер.

Диригент на концертот е миленикот на музичката публика, маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата оваа вечер е и експресивната Симфонија бр. 6 од рускиот композитор Дмитриј Шостакович, која се смета за едно од неговите највлијателни дела.