29/03/2024
Спорт

Беласица – Македонија ЃП и Академија Пандев – Победа се полуфиналните двојки во Купот на Македонија

Вчера во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето од Купот на Македонија.

Беласица – Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев – Победа се пресметките кои ќе одлучат за финалистите во Купот на Македонија.

Првите натпревари се играат на 27 февруари 2019 година, реванш натпреварите се закажани за 10 април 2019 година.