20/04/2024
Македонија

Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,66%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува иста со цената утврдена со Одлуката од 11.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.06.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,695 ден/кг.