Бесплатен интернет за гостите во Охрид

Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на 3 најпосетувани локации во Охрид и тоа:

1. Плоштад Св. Климент Охридски
2. Плоштад Крушевска република – Чинар и
3. Плаошник

На овој начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел  добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.

Со самото приклучување на бесплатниот WiFi како почетна страна се отвора ново-редизајнираната веб  www.ohrid.com.mk

Од Локалната самоуправа изразуваат голема благодарност до Н.У. Завод и Музеј и МПЦ- Охридска архиепископија за соработката околу поставувањето на опремата.