Бесплатен паркинг во Охрид за Велигден

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука во недела (08.04.2018) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.

„Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник.

ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.

Нека ни е честит големиот христијански празник! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!“ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.

This slideshow requires JavaScript.