Бесплатен паркинг за Божик во Охрид

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека на ден 07.01.2019 година (понеделник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници.

Во духот на овој празник ЈП „Билјанини Извори“ ја донесе ова одлука како почит кон еден од најголемите христијански празници за православните верници.

ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје, просперитет и разбирање да се всели во нивните домови.

Нека е честит празникот и за многу години „Христос се роди“.