25/04/2024
ОхридСтруга

Бесплатно предавање „Договори за издршка, подарок, тестамент“ за нашите повозрасни сограѓани

Ќе се одржи бесплатно предавање „Договори за издршка, подарок, тестамент“ за нашите повозрасни сограѓани.

Предавањето ќе се одржи на 12 Февруари (Понеделник) во 11:30 во Охрид и во 14:00 во Струга. Наменето е за сите граѓани од Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца над 60 години и нивните фамилии.

Предавач ќе биде Адвокат Оливера Доцевска, од Скопје, со 17-годишно работно искуство во обаста на правото и човековите права и слободи, 10-годишно работно искуство како адвокат, специјалност човекови права, кривично право, имотно – правни односи и управна постапка, магистрант меѓународни односи и дипломатија, активист за човекови права и Претседателка на организација за човекови права и слободи Јустиција, поетеса, преведувачка,анализа на политики, колумнистака.

Ќе говори за аспектите на заштита на имотот и личноста при располагање со имотот со – тестамент, договор за подарок и договор за доживотна издршка.

Местата се ограничени, доколку сакате да учествувате на предавањето ве молиме јавете се за да ви обезбедиме место на 077 855 155 (за Охрид) и 077 817 432 (За Струга)

Во текот на март и април ќе организираме викенд работилници за здраво готвење, и јога часови за витално стареење. Бидејќи местата се ограничени, доколку сакате да учествувате, ве молиме пријавете се на дадените телефони.

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година. Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост.