24/04/2024
Охрид

Библиотеката во посета на учениците од ОУ „Братство – Единство“ од Охрид

Најчесто учениците од основните и средните училишта организирано по разни поводи и промоции доаѓаат во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ но предновогодишно, претставници  од Библиотеката беа во посета на училиштето „Братство – Единство“ – Лескајца.

Домаќини беа учениците од трето одделение заедно со нивните одделенски наставнички Елизабета Здравеска и Нада Буџакоска.

Во име на библиотеката претставници за училишната библиотека им предадоа неколку нови наслови од детската литература, им приредија кусо литературно читање со поетски творби посветени на Дедо Мраз, зимата, снегот…

Но, и децата возвратија со песнички и стихови и заедно го пречекавме Дедо Мраз во нивните училници кој им подари пригодни подароци.