25/04/2024
Македонија

Битолскиот театар гостува во Ерменија

Народниот театар од Битола во периодот од 1 до 5-ти ноември гостува во Ереван, Република Ерменија каде со две претстави ќе настапи на Интернационалниот Театарски Шекспир Фестивал …

Првата претстава со која Народниот театар од Битола ќе настапи во рамките на фестивалот во градот Ѓумри кој е втор град по големина и најважниот културен центар во Ерменија е претставата „Антоние и Клеопатра” во режија на Џон Блондел, а пак на 3 ноември ќе настапи во Ереван со претставата „Отело” во режија на Диего Де Бреа.