18/04/2024
Спорт

Бизнис лига во фудбал 2018

Денес со натпреварите од првото коло започнува реализацијата на уште еден проект на ЈП „Билјанини Извори“ наменет за сите компании и нивните вработени, Бизнис лига во мал фудбал 2018 година.

Спортското фудбалско дружење претставува Тим билдинг за вработените и компаниите така што ние искрено се надеваме дека кај сите тимови кои од денес се дел од Бизнис лигата во мал фудбал заедно со нас како организатори со нашето заедничко дружење и рекреирање ќе успееме да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата, продуктивноста и желбата за работа а со тоа и вкупната клима во самите правни субјекти кои ги претставуваат.

На Бизнис лигата во мал фудбал 2018 пријавени се 12 тимови/компании кои се поделени во две групи од по 6 екипи.

На сите компании учесници ЈП „Билјанини Извори“ им овозможува ексклузивно право за време на лигата да постават свој рекламен материјал (банер), додека за најдобрите три екипи на Бизнис лигата организаторот освен пехари и медаљи за учесниците ќе додели и бесплатни термини во Спортската сала Билјанини Извори и дополнително бесплатно рекламирање во салата за компаниите што ги претставуваат.
Групи:

Група А: Инекс, Проаква, Скопско, Пазар, АСП Пак, Метропол

Група Б: Комуналец, Костал, Еко Шпар, Нискоградба, ЛТХ Леарница, Општина Охрид

Двојки 1. коло:

Сабота:

13ч: Инекс – Метропол

14ч: Проаква – АСП Пак

15ч: Скопско – Пазар

Недела:

13ч: Костал – ЛТХ Леарница

14ч: Комуналец – Општина Охрид

15ч: Еко Шпар – Нискоградба