29/03/2024
Охрид

Благодарност и пофалби од Управата за јавни приходи на РМ

На ден 09.11.2018 год на иницијатива на Управата за јавни приходи во просториите на МЈП “Проаква” беше остварена посета од висока делегација предводена од Заменик Ген. Директор на УЈП на Р.Македонија. На таа средба беше изразена благодарност до новото раководство на МЈП Проаква за досегашната соработка со управата, навременото сервисирање на обврските на Р.Е.Водовод Охрид кое резултираше со комплетна деблокада од нивна страна. Поздравена беше и новата спогодба со МЈП Проаква “Водовод и Канализација” – Струга која благовремено се сервисира.

Исто така беше изразена голема благодарност и пофалба за реализирањето на обврската за регистрација на е-Персонален данок (Е-ПДД) кај голем дел од вработените на МЈП Проаква, а воедно беше и констатирано дека МЈП Проаква е една од првите фирми кои комплетно го реализираа новиот концепт за електронска пријава на персонален данок на Управата за јавни приходи на Р.Македонија.