19/04/2024
Македонија

Близу 200 казни за возачи во Скопје: брзо возење, непрописно престигнување…

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати контроли со цел санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот.

На 09.08.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола утврдено е дека 51 возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 59 останати прекршоци, кои исто така соодветно се санкционирани.

На 09/10.08.2019 во периодот од 19.00 до 01.00 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени 17 прекршоци, кои се соодветно санкционирани. Исто така беа откриени уште 51 останати прекршоци.

На 09.08.2019 година во периодот од 15.00 до 20.00 часот беше спроведена контрола за непрописно престигнување, при што преземени се шест мерки. Откриени се и 13 останати прекршоци.