Богат ден за учесниците на Балканскиот детско-младински поетски камп: „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“

Во вас ја гледаме иднината на балканското и светско поетско творештво. Секој почеток е скромен, но истовремено и ветувачки. И оваа манифестација почнала скромно, како поетско читање на група македеонски поети, за да прерасне во врвна светска поетска средба, со најпрестижното светско признание – наградата “Златен венец”.

Со ваква порака, им се обрати денеска, на учесниците на Првиот Балкански детско – Младински Поетски Камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019”, млади – основци и средношколци од нашата земја и повеќе земји на Балканот, директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски.

Тасевски, им претстави дела на учесници на СВП, една од најстарите и најреномирани книжевни манифестации во светот, собиралиште, мегу другото и на многу носители на Нобеловата награда.Посебен акцент стави на добитниците на “Златниот венец” од балканските земји.

Младите поетски надежи од Балканот потоа беа гости на градоначалчникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

„Со задоволство ви ја претставувам, со население малата, но со потенциојали и историско минато најголемата и најважната општина во земјата. Токму на овој терен, токму во родното село на Ванчо Николески, се никулците на македонската современа држава и државност, на нашата армија, но и на нашата православна црква.“ – рече Ногачески.

Потоа учесниците на Кампот ја разгледаа богатата збирка на Ликовната колонија “Дебрца”, најстарата во земјата и со најголема колекција.

Во Белчишта, младите автори, беа во посета на познатиот стопански капацитет – фабриката за камини “Милкуз”, каде сопственикот Мише Кузманоски им приреди прием и закуска.

На нивното крајно одредиште, каде ќе создаваат и утре – селото Црвена Вода, каде во тајните на поетското создавање ги внесуваше Тоде Илиески.

Таму ја посетија родната куќа и Спомен собата на Ванчо Николески.

Претседателот на МЗ Војдин Николески, им евоцираше спомени за писателот Ванчо Николекси, додека полковник Добре Велјаноски, претседател на Општинското здужение на Сојузот на ветараните од одбраната и заштитата, за општините Охрид и дебрца, им ги претстави изборот фотографии и други документи посветени на престојот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, издавањето на Манифестот до македонскиот народ во 1943 година, престојот на сојузничката мисија, формирањето на АРМ и слично.

Утрешниот ден, младите автори од повеќе балкански земји, повторно ќе го минат во Црвена Вода, а манифестацијата завршува во четврток со посета на НУ Библиотека Григор Прличев во Охрид.

До младите поетски надежи, со посебни писмени Посланија, се обратија генералниот секретар на Светската академија за поезија на УНЕСКО, д-р Лаура Троиси, односно на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендароски.

Со писмено Послание се огласи и членот на Светската академија и претседател на Одделот засловенскиот свет, познатиот книжевник Мајо Даниловиќ.

Организатор на маниестацијата, која че трае до четврток, е Здружението за култура и литература “Мацково”, во соработка со општините Охрид, Дебрца и Вевчани, како и со финасиска поддршка на Министерството за култура, спонзори и помагатели.

Веле Митаноски

This slideshow requires JavaScript.