28/03/2024
Охрид

Богослужба по повод празникот Преподобен Наум Охридски

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојниот празник на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител, и тоа: 

1. На 02 јули 2020 год. во 19.00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба.

2. На 03 јули 2020 година, во 07.30 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски, како и на Митрополитот Европски г. Пимен, ќе биде во 08.45 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.00 часот.

„Ние, како Црква, заедно и свештенството и народот, сме должни да се гирижиме за нашето здравје, како и за здравјето на нашите ближни. Од таа причина, поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат во манастирот и да се помолат на големиот светител, дека ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание. Истовремено, Ве известуваме дека оваа година нема да се поставуваат тезги во манастирскиот двор.

Се надеваме дека верниот народ ја разбира нашата грижа, особено што ова е грижа, пред сѐ, за нив, за нивното здравје и за нашата иднина. Господ, нашиот Бог, по молитвите на преподобниот Наум Охридски, да нѐ избави од сите искушенија и да ни дарува здравје, мир и голема љубов, та победувајќи го невидливиот непријател, уште повеќе да ја зацврсти нашата вера и да нѐ сплоти како народ, кој верно ќе им служи на Црквата и на Татковината.“– велат од Дебарско – кичевската епархија Охрид.