20/04/2024
Охрид

Богослужби и литургии за Велики Четврток и Велики Петок

Дебарско-кичевската епархија информира дека утре (четврток), на Велики Четврток ќе се служи утрена со Василиева литургија со општ маслосвет, во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 7:00 часот. Вечерта ќе има и Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите парохиски цркви, со почеток во 18:30 часот.

На 6ти април, петок (Велики Петок) ќе служат Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7:00 часот. Вечерта ќе има „Оплакување и опело на Христа“, со почеток во 19:00 часот.