29/03/2024
ДебрцаМакедонија

Божиќна честитка од градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, упати честитка до граѓаните по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ.

„Почитувани граѓани,

Со коледарски песни, од врата на врата, уште рано изутрина малите коледарчиња го најавија Христовото раѓање.

Божик како празник на Божјата љубов претставува пресвртница за човештвото и суштинска поткрепа на нашата верба и духовност.

Божик е ден кој секоја година не потсетува да ги отвориме срцата и душите, да го примиме дарот од Бога и секојдневно низ нашите дела тој дар да го возвраќаме.

На овој голем ден нека нашите срце бидат исполнети со среќа и радост, а нашите домови со мир и спокој.

За многу години да ни е празникот.

Христос се роди !“- стои во честитката.