20/04/2024
Охрид

Божиќна честитка од градоначалникот Стојаноски

По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, градоначалникот Јован Стојаноски до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет и празнувањето да го поминат во весела атмосфера.

Христовото раѓање е симбол на почетокот на славењето на љубовта кон Бога. Величествен ден кога се здогледа големиот сјај, симболизирајќи ги вредностите на мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието.

Овој голем христијански празник нека ни внесе мир и спокојство на нашите срца. Светлината на Христовото раѓање нека ни биде водилка низ животот во градењето на вистинските христијански вредности, почитувањето и солидарноста.

Искрено, од мое име и од името на Локалната самоуправа, Ви посакувам, Божиќ да го прославите во духот на мирот и помирувањето, на љубовта и добрината, на разбирањето и взаемното почитување. Во името на богољубието да го следиме патот на светлината дарен од Бога. Со поздравот Христос се роди – Навистина се роди, да го чествуваме овој голем празник, полни со желби и верба за подобро утре.“ – се вели во Божиќната честитка на градоначалникот Јован Стојаноски до граѓаните од православна вероисповед.