29/03/2024
Дебрца

Божиќна честитка од градоначалникот Зоран Ногачески

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, упати честитки до сите православни верници по повод Божиќните празници.

„Почитувани сограѓани,

Божик е празник чија симболика и универзални пораки -љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.

Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

Мир Божји – Христос се роди!“- стои во честитката.