28/03/2024
Охрид

Божиновски: Оценката за Стојаноски и Лазаревска како просветни работници е недоволен (1)

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Оценката за Стојаноски и Лазаревска како просветни работници е недоволен (1). Ја понижија просветата, а образованието го девастираа. Градоначалникот Стојаноски за една година во образованието создаде голем хаос. Поради таквото несериозно и неспособно раководење МОН ја блокира сметката за исплата на средствата од блок дотациите. Дури после 6 месеци се реагира за тоа и на крајот од ноември ja известува Општината. Нема посветени наставници, мотивирани ученици и позитивни родители.

Вака ли се мотивираше и наградуваше Лазаревска замислувајќи се просветен работник со најголеми партиски опструкции во образованието? Ова ли е европско образование и наставничка професија во 21 век?

Граѓаните треба да знаат дека според Деловникот на Општината и член 34, став 1 од Статутот за контрола на законитоста на прописите кои ги носи советот дека задолжен е Градоначалникот. Додека за законитоста на предлог прописите кои доаѓаат на совет задолжени се предлагачите.

Со какво лице признават дека донесувањето на одлуката е спротивна од Колективните договори за основно и средно образование, а се оградуваат дека за оваа грешка најмалку се одговорни токму главните партиски фукционери од СДСМ?

Тоа што го трпат сите вработени во образованието не е грешка, ниту недоразбирање – туку вина која треба да повлече одговорност за недоследностите. СОНК и ДПИ да ги заштитат вработените во оброзаванието кои треба веднаш да ја добијат својата чесно заработена плата.

Големиот борец Лазаревска зошто селективно реагира и се крие да одговори дека професорите од Академијата за филм веќе неколку месеци не добиваат плата, додека студентите се оставени без настава?

Едно зборуваа и правеа во опозиција, сега кога се на власт нема ништо од ветувањата, туку само празни зборови. Пародијата што ја направи СДСМ со образованието ќе добие неизбежна казна, казна од народот.“ – истакна Божиновски.