Брилијантен настап на охриѓанката Севил Селман во Истанбул

Познатиот „Босфор квартет“, во кој прва виолина е охриѓанката Севил Селман, на 5 април, по повод Велигденските празници, имаше брилијантен концерт во катедралната црква „Св. Антониј Падовански“  на плоштадот Таксим во Истанбул.

На концертот,  со наслов „Воздишките на жиците“,  беа изведени дела од Бах, Моцарт и Вивалди кои предизвикаа бурни позитивни реакции кај бројната публика.

Првата виолина на „Босфор квартет“, охриѓанката Севил Селман  е студент на четврта година  на престижниот конзерваториум „Мимар Синан“ во Истанбул во Турција.