29/03/2024
Охрид

Бројни охриѓанчиња со коледарската песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање

Околу 500 млади охриѓанчиња кои беа дел од свечената Бадникова поворка утрово низ охридските улици со свеќи во раце, кандила и ѕвезди го наговестија Христовото раѓање.

Поворката тргна од храмот Св. Георгиј, пеејќи ја песната Вечниот Бог и помина по улиците „Јане Сандански“, бул. Туристичка, кружен тек кај Охридска Банка и бул. Македонски просветители, до градскиот плоштад каде што е поставена голема пештера – симбол на витлеемската пештера во која е роден Исус Христос. Тука поворката ќе биде пречекана од в.д. градоначалникот, градските советници и граѓани, кои ќе ги даруваат учесниците со пакетчиња. Потоа поворката преку чаршијата ќе пристигне во храмот Св. Богородица-Каменско каде учесниците ќе бидат пречекани од свештениците и ќе заврши со Бадникова трпеза.

Манифестацијата „Свечена Бадникова поворка за навестување на Христовото раѓање“, во Охрид се одржува шеста година по ред.

WebOhrid