29/03/2024
Македонија

Бруто плата 2018 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2018 година изнесува 34.079 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2018 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50% од 34.079)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264,00 денари (16 x 34.079)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948,00 денари (12 x 34.079)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
2018
2017 2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009
34.079 32.877 32.268 31.644 30.902 30.595 30.591 30.349 29.829 27.507

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2018 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.