28/03/2024
Македонија

Царовска: Создаваме услови за пристојна работа и еднакви можности за мажите и жените

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на завршната конференција на проектот „Промена на традиционалните размислувања преку колективните договори во Западен Балкан – улогата на социјалните партнери во овозможување на усогласеност меѓу работата и семејството, како и промовирање на родовата еднаквост“.

Во своето обраќање таа потенцираше дека Владата работи на концепт за обезбедување на пристојна работа и достоинство на трудот.

Во тој контекст посочи на промените во работното време бидејќи според неа сите земји се соочуваат со работно време кое е се поиндивидуализирано и подетецентрализирано. Секоја компанија има различна форма на регулирање на работното време, од друга страна, пак, семејството се соочува со голем дел предизвици при што во Макеоднија имаме состојба во која над 50 % од жените се наективни на пазарот на трудот.

„Во Македонија сме свесни дека бројките укажуваат дека половина од жените не се доволно вклучени на пазарот на труд, а не може да очекуваме економски раст и развој ако нив ги немаме. Ако целиот товар го ставите на една жена, тогаш таа во некои области ќе даде помал придонес”, потенцираше министерката Царовска, според која во сите овие процеси важно е и вклучувањето на мажите.

Исто така, потребно е да се подигне свеста кај работодавачите, да се воведе флексибилно работно време, а во насока на поголема вклученост на жените на пазарот на трудот воведена е втора смена во јавните градинки, ќе се финансира и развојот на домовите за стари лица бидејќи статистките покажуваат дека жените во Македонија сеуште се грижат за своите деца и за постарите лица во семејствата и немаат време да се вклучат на пазарот на труд.

Конференцијата Беше во организација на Бизнис конфедерацијата на Македонија.