24/04/2024
Охрид

Целосното помрачување на Месечината можеше да се следи и во Охрид

Охриѓани и сите присутни гости во Охрид синоќа можеа со голо око да го набљудуваат природниот феномен наречен целосно помрачување на Месечината.

Помрачувањето започна во 19:14 часот, но беше видливо дури по зајдисонце. Целосното (тотално) затемнување започна во 21:30 часот, а максималната точка на затемнувањето беше во 22:21 часот и траеше се до 23:13 часот.

Ова помрачување на Месечината беше видливо од Австралија, Азија, Африка, Европа и Јужна Америка. Целосното помрачување траеше 103 минути, што претставува најдолго помрачување во 21 век.

WebOhrid