29/03/2024
Македонија

Цените на горивата се зголемуваат за половина денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,84%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,140 ден/кг.