Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 25 до 31 јули)

Во интерес на јавноста која живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, но и како потсетување за сите гости, туристи кои во овој продолжен, празничен Илинденски викенд престојуваат на Охридско-струшкиот регион, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, во последната седмица на територијата на горенаведените општини.

За период од 25 до 31 јули 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 263 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Од вкупно земените материјали, 185 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 80 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 48 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.

Активни случаи во Охрид се 84, во Струга 195, а во Дебар 108.

Во овој период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар

Во овој период починати се 2 лица од општина Струга

Од почетокот на епидемијата до 31 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 916 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 272 лица во општина Охрид и Дебрца, 449 лице во општина Струга и Вевчани и 195 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 43, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица

Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Бидете одговорни…Уживајте во летото, безбедно…МОЖНО Е!