29/03/2024
ДебрцаОхрид

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 6 до 12 јуни)

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 06 до 12 јуни 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 175 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 101 лица, во општина Струга и Вевчани 59 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 15 лицa.

– Од вкупно земените материјали, 83 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 51, Струга и Вевчани 17, Дебар и Центар Жупа 15), а 92 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 50, Струга и Вевчани 42, Дебар и Центар Жупа 0)

Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 34 лица, од општина Струга кај 26 лица, а од општина Дебар кај 3 лица.

Во Охрид има 25 пациент на домашно лекување и 9 хоспитализирани, а во Струга 22 пациенти се на домашно лекување и 4 хоспитализирани.

Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 46, а во Дебар 5.

Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 158 лица, во Струга се 103 лица

Оздравени има само 1 лице во Струга

Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 3 лица од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до 12 јуни 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 232 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 59 лица во општина Охрид и Дебрца, 117 лице во општина Струга и Вевчани и 56 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 53, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти

-Од општина Охрид и Дебрца има 1 починат пациент, од општина Струга се починати 23, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. 

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!