28/03/2024
ДебрцаОхрид

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 9 до 15 мај)

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува Центар за јавно здравје Охрид, за состојбата со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 09 до 15 мај 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 35 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 15 лица, во општина Струга и Вевчани 10 лица и 10 лица во општина Дебар и Центар Жупа

– Од вкупно земените материјали, 19 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 11, Струга и Вевчани 8, Дебар и Центар Жупа 0), а 16 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 4, Струга и Вевчани 2, а Дебар и Центар Жупа 10)

– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 2 лица, од општина Струга 2 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19

– Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 87 лица, во Струга се 14 лица

– Активни случаи во Охрид се 2, а во Струга 4.

– Во Охрид има 1 пациент на домашно лекување и 1 хоспитализиран, а во Струга 2 пациенти се на домашно лекување

– Оздравени пациенти има 12 од општина Струга.

– Во овој период НЕМА починати лица од општините кои ги покрива Центар за јавно здравје Охрид.

Од почетокот на епидемијата до денес, 16 мај 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на вкупно 136 лица од кои 17 во општина Охрид и Дебрца, 69 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 49, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти

-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебрца, од општина Струга се починати 14, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Активноста на вирусот иако намалена сеуште постои. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!