28/03/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод 11ти Октомври

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ.

– 11 Октомври е темелник на вековните определби на македонскиот народ за слободна и самостојна држава. Прославувајќи го овој ден ние оддаваме почит на сите борци кои со својот живот  се вградиле во темелите на нашата татковина.  Благодарение на нивното големо дело,  храброст и пожртвуваност денеска живееме во демократска , независна и просперитетна држава. Наша должност е да ја сакаме, чуваме и унапредуваме  за да им ја предадеме на  поколенијата.  Со меѓусебна доверба и почитување на различностите  ја надградуваме нашава  земја  како  заеднички дом  за сите нас и успешно чекориме кон  вклучување во европското семејство. Слободата човечноста и правдата се вредностите кои не  движат и како поединци и како општество, само со  нив продолжуваме да градиме  демократска, просперитетна и европска држава – стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври,  денот на народноослободителното востание.