Честитка од градоначалникот Георгиески по повод 23ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

– Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. На овој ден се потсетуваме на  истрајноста и пожртвуваноста на нашите претци, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност.  Македонската револуционерна организација   е  олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата на сите генерации кои ќе следат до конечно остварување на најголемиот сон за слободна и независна држава.

Посветено, одговорно и мудро продолжуваме да чекориме по патот на нашите револуционери , борци и херои градејќи  силна, просперитетна и модерна татковина  со унапредување на сите општествени сфери  и давање можност за подобар живот на сите граѓани. – стои во честитката на градоначалникот Георгиески по повод 23-Октомври-Денот на Македонската револуционерна борба.