29/03/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод Рамазан Бајрам

По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески упати честитка до сите муслимански верници.

„Почитувани граѓани припадници на муслиманската вероисповед. Нека големиот верски празник Рамазан Бајрам, Ви биде вековит и честит. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба. Да ги искористиме религиите и верските уверувања за убави нешта, за продолжување на столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во заедничкото живеење. Граѓаните со исламска вероисповед се нераскинлив дел од нашето општество. Искрено се надевам дека и понатака ќе бидете активни чинители во градењето на меѓусебното разбирање и заедништво,“ – стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.