29/03/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески за Рамазан Бајрам

Градоначалникот  на Охрид, Константин Георгиевски упати честитка по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

На сите граѓани со исламска вероисповед  како и на претставниците  на Исламската заедница  во Република Северна Македонија најискрено им го честитам  големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам.

Овој празник нека ви донесе радост, мир и среќа во домовите и нека духот на Рамазанскиот месец го покаже врвот на своето значење и суштина преку добрите меѓусебни односи , искреност, хуманост и простување. Посакувам празничните денови да ги минете весело и среќно со своите семејства и драги луѓе, внимавајќи на своето и здравјето и сигурноста на другите луѓе.

Во време исполнето со големи предизвици, најбитно е да се покаже човечност, слога и солидарност. Најголема доблест  во време со искушенија е да се има сила . Искрено посакувам  овој голем празник  ви донесе семејно единство и општествена солидарност. Денеска како никогаш досега ни е потребно едни со други да подаваме рака и да помагаме со дела. Посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение со уверување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови радости. – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.